Откако вчера останаа без струја и вода , стотици туристи чекаат на траект за да го напуштат островот Хидра.
Нема вода , струја , не работат банкоматите , нема ништо – велат туристите кои денеска масовно заминуваат од островот Хидра, во близина на Атина. Недостигот на струја не е решени ниту денеска , а тоа предизвика и прекин на работата на пумпите и недостиг на вода.
,, Не сме во можност да ги смениме последиците , но ова создава лоша слика , бидејќи островот е полн со туристи.” , вели градоначалникот Јорго Кукудакис.
Според грчкото електростопанство , едниот од подводните кабли со кои се снабдува островот со струја , е оштетен. За тоа време не работат банкоматите , а во рестораните и продавниците снемува храна поради неработење на фрижидерите.
Туристите ги напуштаат и хотелите , каде гостите не може да ги користат тоалетите и да се тушираат , изјавува директорот на еден хотел , Никос Софианос , кој вели дека штетите се големи.
Во Грција туризмот е една од основните економски гранки . Во 2017 во земјата летувале 27 милиони туристи , а годинава се очекува да ја посетат рекордни 32 милиони гости.