Регион 18. јануари 2020. / 13:17

ЕУ ја намали предпристапната помош за Турција за 75%

ЕУ ја намали предпристапната помош за Турција за 75%

Во писмо, во кое увид имале германските медиуми, ЕУ открива намалување на помошта за Турција поради илегалното дупчење гас во територијалните води на Кипар и воените операции во Сирија.

ЕУ ја намали предпристапната помош за Турција за 75%, според писмото испратено до Европскиот парламент од комесарот за надворешни работи на ЕУ, Jозеп Борел, а видено од Есен, Функе Медиенгруп.

Турција сега ќе добие само 168 милиони евра од кои 150 милиони евра ќе бидат потрошени за зајакнување на демократијата и владеењето на правото. Остатокот е наменет за рурален развој.

Борел го оправда намалувањето велејќи дека следува како одговор на одлуката на Турција да организира воена операција во североисточна Сирија и да спроведе неовластено дупчење на бензинот крај брегот на Кипар.