Регион 10. август 2020. / 11:27

Ердоган: Турција постигна голем чекор во развој на вакцина против коронавирус

Ердоган: Турција постигна голем чекор во развој на вакцина против коронавирус

Турција постигна голем напредок во развивањето на вакцината против вирусот корона,  рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На церемонијата на Научниот и технолошкиот совет на Турција, Ердоган рече дека државата успеала во тоа со соработка на приватниот сектор и универзитетите.

„Турција стана трета земја во светот, по Соединетите држави и Кина, која започна да ја развива вакцината. Овие се податоци на Светската здравствена организација“, изјави  Ердоган

Ердоган вели дека во моментот се развиваат осум различни видови вакцини и десет медицински проекти, дека е завршено тестирање на два вида вакцини врз животни и дека е одобрено тестирање врз луѓето за еден од нив.