ПретседателотнаТурција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ги демантираше наводите за евентуални предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека тие ќе се одржат според планираното во 2023 година.
Неговата изјава уследи откако опозицијата наведе дека се можни предвремени парламентарни избори во 2021 година.
Лидерот на најголемата опозициска Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу минатата недела побара предвремени избори. Тој го повика лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели да го поддржи процесот за предвремени избори. Бахчели тогаш истакна дека тоа е „глупост“ и оти МХП сака парламентарните избори да се одржат во редовниот термин.