Регион 29. февруари 2020. / 11:09

Ердоган: На границата со Европа има 18 илјади мигранти, денеска би можело да бидат 30 илјади

Ердоган: На границата со Европа има 18 илјади мигранти, денеска би можело да бидат 30 илјади

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата вети дека ќе им дозволи на бегалците да патуваат во Европа од Турција, додавајќи дека неговата земја не може повеќе да се справи со нови бранови на луѓе што бегаат од Сирија, пренесе АФП.

– Што направивме вчера? Ние ги отворивме портите, рече Ердоган во Истанбул во првите коментари откако во четвртокот беа убиени 33 турски војници во северна Сирија. Ние нема да ги затвориме овие врати… Зошто? Бидејќи Европската унија мора да ги одржи своите ветувања.

Турскиот лидер, исто така, рече дека 18,000 мигранти се собрале на турската граница со Европа заклучно со петокот, додавајќи дека нивниот број би можел да достигне 30.000 во сабота.

Според него, сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад „ќе ја плати цената“ за убиството на 33 турски војници во Идлиб.

Турскиот лидер исто така рече дека побарал од Путин да „излезе од патот“ во северозападната сириска провинција.

Уште еднаш, турскиот претседател вети дека ќе ги остави „отворените портите“ за бегалците кои сакаат да стигнат до Европа во изминатите два дена.