Регион 09. мај 2019. / 20:17

Ердоган: На ЕУ ѝ е потребна Турција, повеќе отколку што на Турција и треба ЕУ

Ердоган: На ЕУ ѝ е потребна Турција, повеќе отколку што на Турција и треба ЕУ

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави во Анкара дека на Европската Унија ѝе потребна Турција, повеќе отколку што на Турција и треба ЕУ.

Ердоган рече дека неговата земја во процесот за безвизниот режим исполнила 66 од 72 зададени критериуми.

Набрзо ќе ги исполниме сите критериуми па ќе видиме колку е ЕУ искрена во врска со укинувањето на визите, изјави Ердоган, пренесе агенцијата „Анадолија“.