Регион 25. август 2018. / 20:46

Ердоган кажа како ќе се бори против нападот на турската економија

Ердоган кажа како ќе се бори против нападот на турската економија

Турскиот претседател,  Реџеп Таип Ердоган изјави дека за борба против нападот на турската економија, неопходна гаранција се посветеноста и одлучноста на Турците.

„Во борбата против нападот на турската економија, наша најголема гаранција е секој припадник на нашиот народ да ја задржи својата независност“ – вели Ердоган во обраќањето по повод годишнината од Битката кај Манцикерта во 1071 година, пренесе Ројтерс.

Ердоган нагласи дека никој нема да ја спречи Турција да ги постигне целите кои ги зацртала за 2023, 2053 и 2071 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп воведе царини на челик и алуминиум од Турција, а лирата изгуби многу од својата вредност.

Ердоган претходно изјави дека Американците го имаат доларот, но тие го имаат Алах.