Регион 31. јули 2020. / 11:59

Епидемиолозите предупредуваат: Една свадба може нагло да го зголеми бројот на заразени од Ковид-19

Епидемиолозите предупредуваат: Една свадба може нагло да го зголеми бројот на заразени од Ковид-19

Во екот на летото кога на Балканот масовно се прават свадби, лекарите советуваат да се избегнуваат семејни веселби.

Според српскиот епидемиолог, Бранислав Тиодоровиќ,ваквите веселби може да бидат најголем извор за нови заразени од кои подоцна се создаваат кластери.

Епидемијата во регионот има благ пад, но доволна е една свадба, некој поголем собир, прослава со поголем број на луѓе се да расипе – објаснува д-р Тиодоровиќ.