Епидемиолошката ситуација во Врање и понатаму е несигурна, но е под контрола, изјави утринава епидемиологот од градот во Србија, Слаѓан Станковиќ.
Тој рече дека во изминатото деноноќие се земени примероци од 280 луѓе, од кои на корона вирус се позитивни 33 лица.
Бројката малку се намали во однос на претходните тестирања. Земавме 320 примероци кои денеска ќе ги испратиме на анализа, наведува епидемиологот.
Ситуацијата во овој град на југот од Србија се комплицираше откако во фабрика за мебел беа откриени 55 заразени со новиот вирус.
Според епидемиологот, во моментов ковид болницата во Врање е речиси целосно исполнета.