Регион 04. август 2020. / 16:26

Експлозија на боца со кислород во болница во Приштина, ковид-пациент доби изгореници

Експлозија на боца со кислород во болница во Приштина, ковид-пациент доби изгореници

На Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород.

Притоа е повреден пациент кој се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија.

Косовските медиуми наведуваат дека пациентот се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети.

Сведок на настанот, за РТК вели дека бил на клиниката веќе 12 дена и дека има постојан недостаток на кислород, особено кај неподвижни пациенти.

Тој посочува дека експлозијата се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот во лични потреби и апелира до институциите да го решат проблемот со кислородот.