Регион 22. ноември 2020. / 15:43

Експлозија и пожар во Клиничкиот центар во Ниш

Експлозија и пожар во Клиничкиот центар во Ниш

Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што јавува белградската телевизија Н1, повредени се само тројца медицински работници и еден пациент.

Пожарот бил предизвикан од експлозија на боца со кислород, но по брзата интервенција истиот бил изгаснат.