Регион 02. мај 2018. / 12:41

ЕК ќе ги ислуша Словенија и Хрватска за арбитражната одлука

ЕК ќе ги ислуша Словенија и Хрватска за арбитражната одлука

Европската комисија денеска свика усно изјаснување на Хрватска и Словенија за тврдењето на словенечката страна дека Хрватска, со одбивањето да ја приемни арбитражната одлука, го крши европското и меѓународното право.

Словенија тужбата против Хрватска ја поднесе пред Судот на ЕУ поради неспроведување на арбитражната пресуда за границата, а првиот чекор кон тој процес е сослушувањето на двете страни во Европската комисија.

Потоа, ЕК треба да одлучи дали сама ќе преземе тужба против Хрватска или тој предмет ќе и го остави на Словенија.