Регион 27. декември 2020. / 11:45

Едвај чекам да го видам татко ми, изјави бугарскиот министер за здравство кој прв ја прими вакцината

Едвај чекам да го видам татко ми, изјави бугарскиот министер за здравство кој прв ја прими вакцината

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов беше вакциниран утрово во 9.59 часот во болницата „Св. Ана“ во Софија,  со што е првиот Бугарин кој примил вакцина против Ковид-19, објави БГНЕС.

По него, вакцина доби и претставник на Бугарската православна црква, како поддршка на вакцините.

Вакцинацијата започна и во Бургас и Пловдив.

„Спасот што го очекуваме дојде. Едвај чекам да го видам мојот 70-годишен татко без да се грижам дека ќе го заразам со коронавирус“, рече бугарскиот министер за здравство, Ангелов.

Во државите на ЕУ денеска почна вакцинирањето против Ковид-19, откако вчера беа испорачани првите дози од вакцините.