Регион 24. март 2020. / 12:22

Едномесечно бебе во Пловдив примено во болница со симптоми на корона вирус

Едномесечно бебе во Пловдив примено во болница со симптоми на корона вирус

Едномесечно бебе е сместено на Инфективната клиника во болницата „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, јавуваат бугарските медиуми. Информацијата за DarikNews ја потврдил началникот на клиниката, д-р Андреј Петров. Тој дополнил дека бебето било примено вчера со бронхит и кашлица.

-Негови роднини пред 15 дена биле во Италија. Затоа го примивме. Во добра состојба е, му земавме крв и очекуваме за неколку дена да ги добиеме резултатите, вели д-р Петров.

Бебето е изолирано во посебен бокс, зашто на клиниката нема одделение за деца, па тоа се третира како и сите останати пациенти. Освен бебето, на клиниката се примени уште четири лица со симптоми на корона вирусот.