Регион 09. март 2020. / 21:10

Eдна милијарда евра за словенечката економија поради коронавирусот

Eдна милијарда евра за словенечката економија поради коронавирусот

Словенечката Влада донесе одлука со една милијарда евра да и помогне на економијата да ги ублажи последиците кои ги трпи поради коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа мерка е донесена по состанокот кој претставниците на повеќе индустрии го имаа со министерот за економија Здравко Почивалшек, а разговараа околу штетите кои коронавирусот директно ги предизвикува врз економијата, најмногу во секторите туризам, трговија, логистика и производство.

– Мерките мораат да бидат систематски, планирани и помошта да се дава по точно дефинирани критериуми за да се избегнат евентуални злоупотреби. Ние исто така сме во постојан контакт со надлежните еврокомесари, изјави Почивалшек.