Регион 09. февруари 2020. / 13:25

Еди Рама во ОАЕ лобира за донации на претстојната донаторска конференција за Албанија

Еди Рама во ОАЕ лобира за донации на претстојната донаторска конференција за Албанија

Во пресрет на Меѓународната донаторска конфренција, за обнова на Албанија по разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата годна, албанскиот премиер Еди Рама престојува во посета на Обеднетите арапски емирати.

Во објава на Фејсбук, Рама напиша дека остварил средба со принцот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан и постира видео од средбата.

Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати – со принцот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Средба е реализирана специјално во функција на Меѓународната донаторска конференција во Брисел – лобиора напиша Рама.

Во разорниот земјотрес животот го загубија 51 лице, повеќе од 1.000 беа повредени, а материјална штета беше голема.

Според деновиве презентираниот извештај, 90 домашни и странски експерти процениле дека предизвиканата штета изнесува 985 милиони евра.

Неможејќи сама да се справи со последиците од земјотресот, на 17 овој месец во Брисел,ќе се одржи Меѓународна донаторска конференција за обнова на Албанија.