Малкумина знаат дека албанскиот премиер Еди Рама не поседува возачка дозвола.
Тој вели дека не земал дозвола да управува автомобил, бидејќи многу повеќе му се допаѓа при патување да размислува отколку да вози.
Рама додава дека во неговото семејство пасија за автомобили имал дедо му, кој бил личен возач на кралот Ахмет Зогу.
– Сета страст, сета пасија, за автомобили во нашето семејство, во неколку генерации, ја консумирал дедо ми. Не сакам да возам затоа што повеќе сакам да размислувам додека патувам, изјави Рама.
Рама е познат и по тоа што дестинацијата од неговиот дом до владината зграда ја минува пеш. Како обичен граѓанин тој оди по тротоар меѓу случајните минувачи, не вознемирувајќи никого.