Регион 20. декември 2019. / 11:07

Еден загинат и повеќемина повредени во карамбол-сообраќајка во Словенија

Еден загинат и повеќемина повредени во карамбол-сообраќајка во Словенија

Едно лице го изгуби животот, а повеќемина се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово на автопат близу Постојна во Словенија.

Според првичните информации на словенечката полиција, несреќата се случила кога едно товарно возило поради дефект застанало, а во него директно удриле друг камион, комбе и еден автомобил. Идентитетот на починатото лице и повредените се уште се утврдува.

Повеќе инфомрации за точните причини за несреќата, полицијата најави откако ќе заврши увидот, поради кој е затворен дел од автопатот кон Копер.