Регион 02. јуни 2020. / 14:39

Еден ученик во Марибор позитивен на корона вирусот, цело одделение во карантин

Еден ученик во Марибор позитивен на корона вирусот, цело одделение во карантин

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор се во 14-дневен карантин, откако на еден од учениците му бил дијагноситициран корона вирус.

Според неофицијалните извештаи на словенечките медиуми, момчето било тестирано откако било потврдено дека неговата мајка е заболена од вирусот, а тоа немало никакви симптоми на болеста.

Мора да бидеме крајно внимателни, така што учениците од тоа одделение остануваат во карантин наредните 14 дена, додека сите други ученици и вработени сè уште можат да доаѓаат на часови нормално, со спроведување на превентивните мерки како и досега – вели Лидија Тодоровиќ, директорката на ОУ „Лудвик Плибершек“.

Ова е прв потврден случај на корона вирус во вториот по големина словенечки град по еден месец.

Градоначалникот на Марибор, Саша Арсеновиќ, пред две недели веќе го прогласи Марибор за прв град без корона вирус во државата.