Речиси еден тон марихуана беше запленета од страна на полицијата во близина на Сараево и уапси пет црногорски државјани, објавија обвинителите. Тоа е досега најголемото запленување на илегалните наркотици во БиХ.
Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) и полицијата на Република Српска запреа два камиона и лично возило со црногорски регистарски таблички во местото Крупац на патот од Сараево кон Источна Босна.
За време на претресот се пронајдени 900 килограми марихуана наменети за нелегалниот пазар во БиХ.
Обвинителите проценуваат дека дрогата вреди околу еден милион евра.
Петмина црногорски државјани, кои беа во камиони и лично возило, беа уапсени под сомневање за шверц со дрога.