Регион 11. април 2018. / 12:38

Еден пилот загина – другиот се бори за живот: Детали за срушениот српски авион

Еден пилот загина – другиот се бори за живот: Детали за срушениот српски авион

Воениот авион “СуперГалеб Г-4”, се урнал утрово кај Ковачица. Пилотот и копилотот успеале да се катапултираат од авионот, но како што пишува српски “Telegraf”, едниот од нив загинал, а другиот е во тешка состојба.

До несреќата дошло во околу 9:30 часот во близина на излезот од Ковачица. Итната помош е на лице место, а пилотот кој е во тешка состојба е пратен во болница. За жал, еден веќе бил мртов и дежурната екипа можела само да ја констатира смртта.

Според првите, неофицијални информации, најверојатната причина за смртта е неисправен падобран, но деталите допрва треба да се утврдат. Авионот паднал на нива, а мештаните велат дека слушнале како моторот престанал да работи.

“Бев дома кога слушнав како престана да работи моторот на авионот и видов дека двајца пилоти се катапултираа. На самото место може да се види и кратер”, вели Д.Б од Ковачица.

Ова е трет пад на еден „Супергалеб” – во септември 2008 год. во Батајница загинал еден пилот, а пред една година се урнал истиот авион на подрачјето на селото Слатина кај Шабац и притоа загинале двајцата пилоти.