Регион 31. јануари 2019. / 09:45

Еден месец после железничката несреќа кај Ниш – ова е состојбата на возачот

Еден месец после железничката несреќа кај Ниш – ова е состојбата на возачот

Возачот на автобусот на Ниш експрес, 31-годишниот Милан Здравковиќ, кој се сомничи дека предизвикал страшна несреќа на пружниот премин во кој на 21. декември во судир меѓу автобус и воз загинаа 7 патници, а 32. се лесно повредени, добил продолжување на притворот за уште 30 дена.

Милан е уапсен на 31. декември и осомничен за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Покрената е истрага и како што наведуваат од полицијата во тек се сослушувања и спроведување на останати истражни постапки кои претходат во донесувањето на одлуката.

Да потсетиме во стравичната несреќа патнички воз удри во полн автобус во околу 07:30 часот и го преполови. На лице место загинаа три лица меѓу кои и едно дете, а во текот на денот уште две. Во наредните денови уште две лица ја изгубија битката за живот.