Регион 20. јули 2020. / 15:33

Џејмс Пердју: Во Бугарија има лажна демократија како во Путинова Русија

Џејмс Пердју: Во Бугарија има лажна демократија како во Путинова Русија

Во денешна Бугарија владее еден вид лажна демократија каква што може да се види во Путинова Русија, вели во интервју за порталот Сега.бг, поранешниот американски амбасадор во Софија Џејсм Пердју (2002-2005 година).

Според него, актуелната политичка елита во Бугарија треба да обрне внимание на прашањата, што произлегуваат од протестите, наместо да се обидува да ги задуши или да ги игнорира барањата поставени од демонстрантите.

-Демонстрациите покажуваат дека желбата за силна демократија останува силна во духот на бугарскиот народ. Голем дел на населението сака легитимна, транспарентна и демократска влада, наместо еднопратиско владеење, широка корупција и прекумерно влијание на олигарсите. Исто така, денес во Бугарија отсуствува слобода на медиумите. Не можете да имате реална демократија без слободни, независни и настојчиви медиуми, кои ќе бараат одговорност од официјалните лица, вели Пердју.

Според Пердју, во демократијата јавните протести се појавуваат кога инструментите на владата не одговараат на очекувањата на општеството.