Регион 14. јануари 2019. / 15:09

Ѕанакопулос: Парадоксално е да се спроведе референдум за име на туѓа држава

Ѕанакопулос: Парадоксално е да се спроведе референдум за име на туѓа држава

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор упати критики до лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дека не се осмелил да поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата „бидејќи длабоко во себе не сака актуелната Влада да си замине пред да се завршат низа теми меѓу кои главната е Договорот од Преспа“.

-Господинот Мицотакис сака да помине Договорот од Преспа, но нема храброст. Бидејќи е неодговорен политичар, политичар кој нема сила да ја брани политиката, кој длабоко во неговиот ум знае дека е во корист на националниот интерес, рече Ѕанакопулос и додаде дека Мицотакис во конкретната политичка насока, веќе една година го води екстремно десничарската група од Нова демократија.

Во однос на написите во грчките медиуми дека постои договор на Владата со одредени пратеници кои не се членови на СИРИЗА да дадат глас за доверба, а во замена да добијат или министерска позиција или место на гласачките листи на СИРИЗА, Ѕанакопулос вели дека не постои такво нешто, коментира дека станува збор за глупости, бидејќи „пратениците ќе гласаат според нивната совест“.

За вчерашното барање на Панос Каменос да се одржи референдум и во Грција за Договорот од Преспа, портпаролот на Владата смета дека „референдуми за прашања што се однесуваат на имиња на друга земја, звучат доста парадоксално“