Денеска се одбележува 24-годишнината од геноцидот во Сребреница, а во Меморијалниот центар Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница.
Претседателот на македонското Собранието, Талат Џафери денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина.
Џафери ја предводи делегацијата од Македонија составена од пратениците Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ.