Регион 25. ноември 2019. / 09:57

Двајцата исчезнати откако им се преврти јахтата во Грција се пронајдени мртви

Двајцата исчезнати откако им се преврти јахтата во Грција се пронајдени мртви

Спасувачките служби ги извлекле од морето безживотните тела на двете лица кои од синоќа се водеа за исчезнати, откако се превртила мала јахта закотвена на пристаништето во грчкиот град Антирио во западниот дел на земјата.

Едното лице беше извлечено околу час и половина по полноќ, а другото рано утрово. Во спасувачката акција беа вклучени 11 пожарникари со шест возила и двајца нуркачи.

Лошите временски услови, дождот и силниот ветер бае причина за превртувањето на малата јахта, на која се наоѓале загинатите.

Од доцна синоќа Грција ја зафати невремето „Гирионис“, што создаде сериозни проблеми во повеќе делови на земјата