Регион 09. мај 2020. / 00:53

Двајца починати и 13 нови заразени со Ковид-19 во Грција

Двајца починати и 13 нови заразени со Ковид-19 во Грција

Во последното деноноќие во Грција починале две лица, а регистрирани се 13 нови случаина вирусот Ковид-19.

Според новите податоци што ги соопшти шефот на експертската комисија за корона вирусот при Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, од почетокот на епидемијата вкупниот број на заразени се зголемил на 2.691, од кои активни се 1.167 случаи, а починале вкупно 150 лица.

Приклучени на апарати се лекуваат 32 лица, 85 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега, а оздравеле 1.347 заразени.

Досега во Грција анализирани се 94.291 тестови.