Регион 17. јануари 2021. / 21:56

Двајца лекари починаа од Ковид-19 во Србија

Двајца лекари починаа од Ковид-19 во Србија

Уште двајца лекари во Србија починаа поради компликации од коронавирусот .

Тоа се д-р Станко Ѓуров, пензиониран невропсихијатар од Пожаревац и д-р Вера Вучишевиќ, специјалист по интерна медицина – пензиониран кардиолог од Горњи Милановац.

Информацијата за смртта на двајца пензионирани лекари ја објави Синдикатот на лекарите и фармацевтите на Србија на својата „Фејсбук“ страница.