Регион 04. октомври 2019. / 11:33

Двајца косовски Срби во притвор поради вршење притисок да се гласа за „Српска листа“ 

Двајца косовски Срби во притвор поради вршење притисок да се гласа за „Српска листа“ 

Двајца косовски Срби добија 30-дневен притвор, под обвинение дека вршеле притисок на претстојните арламентарни избори да се гласа за партијата Српска листа (СЛ).

Осомничените Ж.Д. и В.Б. биле пријавени од три лица од српска националност дека на 26 и 27 септември во континуитет вршеле пристисок врз в недела да ја поддржат и да гласаат за СЛ.

Со ова, според обвинителството, Ж.Д. и В.Б. извршиле кривично дело „повреда на слободната определба на гласачите“, кое се санкционира со Кривичниот закон на Косово.