Вкупно 184 бугарски пратеници направиле тестови за корона вирусот и речиси сите се негативни, со исклучок на двајца кај кои резултатите се сомнителни, јавуваат медиумите. На двајцата пратеници ќе им бидат направени дополнителни тестови.
Тестирањето на бугарските пратеници се врши, откако пратеникот Хасан Амедов се покажа позитивен на тестот.
Според Националниот оперативен штаб, двата сомнителни резултати доаѓаат од пратениците на владејачкиот ГЕРБ. Веројатно проблемот со нив е од техничка природа. Тестирањето продолжува и на ред е администрацијата од Народното собрание.