Регион 23. март 2019. / 09:38

Два пожари беснеат во Црна Гора – огнот се заканува и на други села

Два пожари беснеат во Црна Гора – огнот се заканува и на други села

Пожари избувнаа синоќа во Црна Гора на непристапен терен во близина на селото Црквине кај Колашин, како во кањонот на реката Морача.

Командирот на Службата за заштита и спасување на Колашин, Жељко Дармановиќ информира дека пожарот кај Црквине беснее на неколку локации и поради непристапноста на теренот пожарникарите не можат да го спречат неговото ширење.

Огнот се заканува да зафати големи површини и да се прошири во правец на други села, додаде Дармановиќ.

Во исто време, пожар беснее и во кањонот на реката Морача, но тој засега не претставува закана за населените места.