Регион 22. мај 2020. / 23:10

Два милиони евра за туристичка промоција на грчките острови погодени од мигрантската криза

Два милиони евра за туристичка промоција на грчките острови погодени од мигрантската криза

Грчката национална организација за туризам со финансиска поддршка од Министерството за миграција и азил на Грција ќе вложи два милиони евра за промоција на островите погодени од мигрантската криза.

Туристичката промоција на Хиос, Лезбос, Кос, Лерос и Самос во одредени земји од странство била договорена на средбата на надлежниот министер Нотис Митаракис со генералниот секретар на организацијата Димитрис Франгакис.

Новата туристичка промоција ќе ги истакне разновидноста на туристичките дестинации на островите и археолошките локалитети, гастрономската традиција и локалните производи, културното богатство и нивната поврзаност со одржливиот развој – соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција.