Професорот на Белградската академија за банкарство, Зоран Грубишиќ, смета дека благодарение на инвестирањето во злато во последните години, Србија успеала да обезбеди 31,26 тони од скапоцениот метал и со тоа да го обезбеди домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата врз економијата.
Според Грубишиќ, отсекогаш се покажувало дека златото е добар чувар на вредностите во „турбулентни“ времиња, особено кога трае економската криза и кога е непредвидливо колку длабоки ќе бидат последиците врз една земја.
Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) во моментов изнесува 1,58 милијарди евра.
Според најновите податоци, златото учествува со околу 11 отсто во вкупните девизни резерви на Србија.
Во изминатите неколку дена, цената на златото изнесуваше околу 1.712 долари за унца, па пресметката покажува дека растот на цената на „жолтиот метал“ од околу 14 проценти, придонеле за раст на вредноста на девизните резерви на Србија.