Државјанин на Македонија е уапсен на магистралниот пат Урошевац- Скопје, бидејќи со неговата кола, точел гориво на една од бензинските пумпи во Косово и избегал без да плати. Сметката била 35 евра.
Осомничениот е запрен на граничниот премин Хани Елезит и бил спроведен во полициска станица. Направената контрола покажала дека истиот бил под дејство на алкохол.
Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е изречена мерка притвор од 48 часа.