Регион 19. декември 2019. / 15:37

Дрогиран Србин предизвикал сообраќајка во која загина бебе од 17 дена!

Дрогиран Србин предизвикал сообраќајка во која загина бебе од 17 дена!

Маж од Србија осомничен е дека во вторникот предизвикал тешка сообраќајна несреќа во Барселона во која загинало бебе од само 17 дена.

Првите информации кои ги пренела шпанската Ла Вангардиа говорат дека кај Србинот во крвта е откриена дрога.

Шпанските медиуми понатаму наведуваат дека бебето починало на лице место, дека таткото е во критична состојба, а тешко повредени се и мајката и бабата на бебето.