Регион 15. декември 2018. / 18:58

Драма во Србија: Автобус се лизнал од патот и се заглавил во снег

Драма во Србија: Автобус се лизнал од патот и се заглавил во снег

На патот Зрењанин-Лазарево, во Србија, автобусот на линија Вршац-Нови Сад, попладнево се лизнал од патот и останал заглавен во снег, а во инцидентот нема повредени, пренесува РТС.

Сообраќајот на тој коловоз се одвива по една лента.

Инаку денеска во регионот, посебно во Србија и во БиХ, наврна многу снег, па се препорачува внимателно возење.