Регион 13. април 2018. / 10:35

Драма на 5000 метри висина: Вака падна српскиот воен авион

Драма на 5000 метри висина: Вака падна српскиот воен авион

На падот на „Супер-галебот Г4“ кој во средата се сруши кај Ковачица, Србија, му претходел лет на висина повисока од 5000 метри. Во овој појас покојниот пилот мајор Роберт Калоци и неговиот колега Александар Матиќ ги вежбаа зададените маневри во делот на обуката за звање искусни пилоти. Леталото нагло изгубило висина и неколку моменти подоцна, пилотите се катапултирале од авионот кој со голема брзина се спуштил на тлото, пишуваат српските медиуми.

Овие детали од последниот лет на воениот авион се во фокусот на комисијата која ги испитува околностите за причината за оваа несреќа. Обвинителството, како и стручните тимови од Командата за воено воздухопловство ги расветлуваат сите детали кои претходат на падот на леталото и смртта на пилотот Калоци. Клучот за причината за трагедијата е во рацете на повредениот пилот Матиќ, кој се опоравува во болница.