Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додиќ, изјави дека е приврзан само кон интересите на Република Српска и народот на кому му припаѓа, а не некому друг и нагласи дека Р.Српска не сака во НАТО и дека за БиХ би било најдобро да остане неутрална.
Тој повтори дека нема ништо против соработката со НАТО и дека ставот на Р.Српска е познат по тоа прашање и порача дека нема да го направи првиот чекор на патот кон активација на БиХ кон полноправно членство во воениот сојуз.
Додиќ потсети дека НАТО за време на војната ја бомбардирал Република Српска со осиромашен уранијум.
Кога станува збор за поранешните одлуки на институциите во врска со патот на БиХ кон НАТО, Додиќ наведе дека разбира оти тие постојат, но дека, истовремено, никој не сака да разбере дека Република Српска во меѓувреме го променила односот по тоа прашање.
– Тоа е толку мачна приказна и тука нема ништо ново. Сметам дека не треба да се условува со било што. Не може акционен план, активирање на акционен план за членство во НАТО. Може само соработка со НАТО, изјави Додиќ за локалната телевизија ФТВ.
Додиќ додава дека, доколку внатре во БиХ се прави приказна за консензус, тогаш мора да се почитува одлуката на Народното собрание на Република Српска за воена неутралност.