Регион 30. октомври 2019. / 09:33

Додик: Во БиХ има консензус за ЕУ, но не и за НАТО

Додик: Во БиХ има консензус за ЕУ, но не и за НАТО

Претседателот на Република Српска и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, соопшти дека во Босна и Херцеговина постои консензус за патот кон Европската унија, но дека нема потреба да се разговара за патот кон НАТО.

– Мислам дека овде во Европската комисија го сфаќаат тоа, но останува проблемот со партнерите во Сараево кои сакаат со условување да го решат прашањето за функционирање на власта – изјави Додик за РТРС по средбата со комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

Додик додаде дека на состанокот немало важни заклучоци или обврзувачки елементи за БиХ.

Според него, хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството, Жељко Комшиќ и Шафик Џаферовиќ, истакнале дека тие се за пат на БиХ и во ЕУ и во НАТО, додека тој истакнал оти е за соработка само на европскиот пат.

Претседателството на БиХ соопшти дека на средбата со Хан е изразена благодарност за континуираната поддршка и посветеност на Европската унија и нејзините институции за европските интеграции на БиХ, како и за напорите во претходниот мандат на ЕК, БиХ да направи значајни резултати на патот кон ЕУ.