Српскиот член на Претседателството на БиХ и претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Народото собрание на Република Српска е одлучно, во рамките на своите овластувања, да ги поврати одземените надлежности, што се движат од војската до индиректните даноци.
Додик истакна дека бошњачката политичка елита не сака да го прифати постоењето на Република Српска и дека постојано ја опструира, во што има значителна помош од меѓународните претставници кои прават се да ја развластат Република Српска и да го засилат државното ниво на БиХ.
– Затоа Нардоното собрание на РС е одлучно, во рамките на своите овластувања, да ги поврати одземените надлежности од војската до индиректните даноци, рече Додик и наведе дека од индиректните даноци се исплатуваат платите за вработените во задничките институции на БиХ, кои во 2000 година биле околу 2.000 а денеска се 25.000.
Според Додик, Бошњаците се однесуваат така што за тоа што го приграбиле и што им го дал високиот претстсвник за тоа веќе нема дискусија, што е ставот и на лидерот на СДА, Бекир Изетбеговиќ, пренесува РТРС.
– Не можеме ситуацијата да ја оставиме таква како што е сега. Сите надлежности кои се пренесени на ниво на БиХ претставуваат огромна загуба за РС – порача Додик.
Тој потсети дек Република Српска е единственото ниво на власта во БиХ со формирани органи по минатогодишните избори.
– Имаме стабила политичка и институционална ситуација – изјави Додик на собирот во Источно Сараево напоменувајќи дека политичката ситуација на ниво на БиХ е оптоварена со бројни проблеми.