Регион 20. ноември 2018. / 11:43

Додик го презема претседавањето во Претседателството на БиХ

Додик го презема претседавањето во Претседателството на БиХ

Српскиот националист Милорад Додик ќе го преземе претседавањето во тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина. Трите претседатели ротираат на секои осум месеци според договорот со кој заврши војната во БиХ во деведесетите години од минатиот век.

Со договорот земјата е поделена меѓу Бошњаците, Србите и Хрватите. На изборите во октомври освен Додик победија: кај Бошњаците Сефик Џаферовиќ, а кај Хрватите Жељко Комшиќ. Додик се смета за проруски ориентиран политичар и е под економски санкции на САД.