Регион 08. октомври 2018. / 09:36

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ најблиску до победа на изборите во БиХ

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ најблиску до победа на изборите во БиХ

Милорад Додиќ во трката за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина освои најголем број гласови – 55% од гласовите на граѓаните, додека Младен Иваниќ доби 42 % од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на БиХ врз основа на гласовите од 45% од избирачките места.

Во трката за бошњачкиот член на Претседателството најголем број гласови освои кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Шефик Џаферовиќ – 38% од гласовите, додека хрватскиот претставник Жељко Комшиќ доби над 49% од гласовите.

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ изјави дека одѕивот на вчерашните избори на ниво на БиХ е 54%, додека во Република Српска – над 57%.

Зад Џаферовиќ е кандидатот на Социјалдемократска партија (СДП), Денис Беќировиќ со 34%, додека на трето место е кандидатот на Сојуз за подобра иднина (СББ), Фахрудин Радончиќ – 12,5% од гласовите.

Независниот кандидат Мирсад Хаџикадиќ освои 8,55%, Сенад Шепиќ – 6,13, и Амер Јарлагиќ – 1,59% од гласовите.

Во трката за член на Претседателството зад Комшиќ е Драган Човиќ со освоини 38,66% од гласовите,

Кандидатот на ХДЗ 1990 Дијана Зеленик освои 6,92% од гласовите додека кандидатот на Наша партија Борис Фалатар – 3,23, додека Јерко Иванковиќ Лијановиќ – 1,72% од гласовите.