Регион 09. јануари 2021. / 20:36

Додик: Целта на Република Српска е независност и обединување со Србија

Додик: Целта на Република Српска е независност и обединување со Србија

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, повторно изјави дека Република Српска е всушност држава на српскиот народ и посочи дека нејзината крајна цел е независност и обединување со Србија.

„РС е несомнено држава на српскиот народ“, рече водачот на босанските Срби по повод Денот на Република Српска, кој се одбележува денес.

За разлика од порано, оваа година одбележувањето на празникот, што Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставно, беше организирано без парада на полицијата и пожарникарите и без масовни собири поради пандемијата.