Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека стратешка цел е до крајот на мандатот на следната влада земјата да ги исполни критериумите и да го усвои еврото како официјална валута.
Пленковиќ нагласи дека ќе има бројни економски бенефити од еврото – трајно ќе се отстрани валутниот ризик во економијата и ќе се намали трошокот на задолжувањето на сите домашни сектори, односно граѓаните и фирмите ќе имаат помалку трошоци на финансирањето отколку во случај Хрватска да остане надвор од еврозоната.
– Со воведувањето на еврото Хрватска трајно ги решава ризиците, трајно ќе го острани трошокот за конверзија, а за економијата, исто така, е важно да се нагласи дека употребата на заедничката валута трајно придонесува за засилување на меѓународната размена и конкурентност – изјави Пленковиќ.