Девојка (29) од Ниш е сериозно повредена откако паднала од третиот кат од зграда на улицата „Књажевачка“.
Како што неофицијално пренесува Курир.рс, девојката, кое инаку имала здравствени проблеми, останала сама дома, бидејќи нејзината мајка и братот отишле на гробишта.
Во еден момент, таа се обидела да се спушти со помош на чаршав преку терасата, но паднала и претрпела тешки телесни повреди.
Екипа на брзата помош ја пренела девојката во Центарот за итни случаи во Ниш.