Регион 23. август 2018. / 12:19

Дете повредено на Скијатос при слетување на авион

Дете повредено на Скијатос при слетување на авион

На Фејсбук групата „Во живо до Грција“ се појави статус во кој се наведува дека 10-годишно момче од Велика Британија е повредено на Скијатос, при слетување на авион.

Познато е дека слетувањето на авиони на Скијатос претставува туристичка атракција. Прелетувањето на дваесетина метри над главите на туристите, претставува возбудливо доживување, но често е и опасно.

„Вчера сериозно е повредено едно момче – турист, на 10 години, кој буквално е издуван неколку метри, а минатата година со тешки повреди заврши една возрасна личност од Британија. Лесни повреди се случуваат често кај набљудувачите“, стои во статусот.

За настанот сеуште нема официјални информации.