Регион 08. јуни 2018. / 14:38

Детали за убиството на Предраг: Го чекале да излезе од автомобилот, па почнале да пукаат

Детали за убиството на Предраг: Го чекале да излезе од автомобилот, па почнале да пукаат

Триесет и пет годишнио Предраг М. синоќа во 23 часот е изрешетан на улицата „Драгош Илиќ“ во Чуприја.

Како што пишува Курир.рс, Предраг бил дочекан од напаѓачите кои испкале неколку куршуми додека излегувал од автомобилот.

Мештаните веднаш повикале Итна помош меѓутоа, тој починал од последиците на патот кон болницата.

Убиенот Предраг според зборовите на мештаните бил кик-боксер.

Велат дека станува збор за ино момче и дека неговото убиство претставува голема трагедија.

Напаѓачите избегале во непознат правец, а полицијата интензивно трага по нив.