Регион 14. јануари 2019. / 11:28

Детали за трагедијата во Хрватска: Му го пронашле телото во споредна цевка

Детали за трагедијата во Хрватска: Му го пронашле телото во споредна цевка

Во одводен тунел во Хидроелектраната Дубровник во Плат во неделата навечер е пронајдено телот на третиот исчезнат работник.

-Телото на исчезнатиот раобтник е пронајдено во една од споредните цевки од главниот одводен канал на хидроелектрантата – пренесува ХРТ.

Спасувачките тимови го пронајдоа телото и на третиот работник, кој се видеше како исчезнат по експлозијта и пожарот во електраната, што се случи во четвртокот.

При експлозијата и пожарот, загина еден работник во хидоцентралата, шестмина беа полесно повредени, а уште двајца се водеа како исчезнати.

По исчезнатите работници беше организрана спасувачка акција на потегот меѓу Превлака и Млет, која беше отежната поради лошите временски услови.

Првиот исчезнат работник беше пронајдено во петокот на плажа кај Цавтат, додека телото на вториот е откриено вчера откако било решено повторно да биде испуштена водата од одводниот тунел на централата.