Регион 30. август 2018. / 18:37

Детали за несреќата во Србија: Пилотот загинал на својот прв лет (ФОТО)

Детали за несреќата во Србија: Пилотот загинал на својот прв лет (ФОТО)

Во близина на аеродромот „Биково“ кај Суботица, во соседна Србија, загина едно лице, при пад на летало „Змеј’ во блиска нива, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила околу 6.45 часот, под неразјаснети околности. Со „змејот“ управувал 39-годишниот Срѓан Џогановиќ од Бајше.

Како што пишуваат медиумите Џогановиќ загинал на својот прв лет.

Пилотот полетал, а по три минути паднал, а неофицијално него му се слошило и изгубил контрола.

Се води истрага за утврдување на причините за падот на леталото.