Словенските гласачи се изнанадија од исходот на изборите, кој се одржаа синоќа.
Во Државниот збор, словенечкиот парламент, ќе влезе и поранешната премиерка Аленка Браутшек, но и радикалниот десничар Змаго Јелинчиќ Племенити. Тој е во опозиција од 2008 година, а сега се враќа и повторно добива простор за инфицирање на јавниот дискурс, пренесува хрватски Јутарњи.
Левиот центар и умерената левица влегоа во замка на фрагментација. Социјалдемократите и партијата на Аленка Братушек ловеа во ист базен, а од нив не е далеку ни досегашниот премиер Миро Церар. Заедно освоиле 24 пратенички столчиња, а ако излезеа на изборите како единствена сила ќе добиеа плус мандати, а можеби ќе го детонираа Јанша.
Од вкупно 90 места во парламентот, партијата на Јанез Јанша освои 25, односно 219.415 гласови.
Втора партија е Листата на Марјан Шарец со освоени 111.299 гласови, или 13 патенички места.
Социјалдемократите и Партијата на модерен центар на досегашниот премиер Миро Церар, освоија по 10 мандати. Словенечка Левица освои 9 мандати, Христијанските демократи 7, по 5 партијата на Аленка Братушек и ДеСУС, а националистичката партија 4 мандати. Две места во словенечкиот парламент се резервирани за Италијанското и Унгарското национално малцинство.
Јанша како релативен победник на изборите, би требало да добие мандат за формирање на влада од претседателот на Словенија Борут Пахор.